Оригиналната актерска постава од првата сезона на култната американска серија „Твин пикс“ објави видео снимка во која го повикува режисерот Дејвид Линч да се врати на снимањето на нови епизоди од серијата.
Линч во понеделникот изјави дека нема да го режира продолжението на серијата поради спорот околу финансиите со телевизиската мрежа Шоутајм.
Во видео снимката изработена од глумицата Медхен Ејмик, која во серијата ја глуми Шели Џонсон, сите актери од првата сезона на „Твин пикс“ велат дека „Твин пикс“ без Дејвид Линч е како девојка без тајни или „Твин пикс“ без Дејвид Линч е како да имате очи без трепки.
Линч напишал на Твитер дека по една година и четири месеци ги напуштил преговорите бидејќи не му биле дадени доволно пари за „го направи сценариото на начин на кој тој мисли дека треба“.
Шоутајм набрзо по неговите коментари изрази жалење поради одлуката на Линч, но истакна дека може да се врати доколку се предомисли.
Креаторите на серијата Линч и Марк Фрост најавија во октомври минатата година дека во 2016 година ќе бидат емитувани девет нови епизоди на серијата, која е снимена пред 25 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



