Италијанската полиција го уапси мажот што денеска отвори оган во Апелацискиот суд во Милано, при што уби две лица, објави на својот налог на „Твитер“ италијанскиот министер за внатрешни работи, Анџелино Алфано.
Тој појасни дека полицијата го уапсила напаѓачот во град северно од Милано.
– Тој сега се наоѓа во станица на карабињерите – рече Алфано.
Според полицијата, уште најмалку едно лице е рането во нападот.
Мажот е идентификуван како Клаудио Џардело. Тој беше обвинет во случај за намерно предизвикување банкрот на компанија.
Претседавачот на Апелацискиот суд, Џовани Канзио, изјави дека судијата, кој се занимава со случаите на банкрот, Фернандо Киампи, е меѓу убиените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка