| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен мажот што уби две лица во суд во Милано

milan

Италијанската полиција го уапси мажот што денеска отвори оган во Апелацискиот суд во Милано, при што уби две лица, објави на својот налог на „Твитер“ италијанскиот министер за внатрешни работи, Анџелино Алфано.

Тој појасни дека полицијата го уапсила напаѓачот во град северно од Милано.

– Тој сега се наоѓа во станица на карабињерите – рече Алфано.

Според полицијата, уште најмалку едно лице е рането во нападот.

Мажот е идентификуван како Клаудио Џардело. Тој беше обвинет во случај за намерно предизвикување банкрот на компанија.

Претседавачот на Апелацискиот суд, Џовани Канзио, изјави дека судијата, кој се занимава со случаите на банкрот, Фернандо Киампи, е меѓу убиените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top