| четврток, 6 декември 2018 |

ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” освои прва награда на натпревар во Грција

На 4 и на 5 април, петта година по ред, во Солун, се одржа танцoв натпревар СТСФ светско отворено првенство латински такци и СТСФ Интернационално отворено првенство стандард со повеќе танцови категории, натпревар признат од Светската танцова спортска федерација.

Учествуваа танчари во индивидуална и во групна категорија од 25 земји од Европа. Судиите беа од: Холандија, Швајцарија, Русија, Србија, Македонија, Унгарија, Романија и Грција како главен судија. Освен стандардни танци, беа застапени и други категории, како што се: брејкденс, модерен балет, ориентал танци и шоу-танц, во кое учествуваа и ученици од Македонија.

Натпреварувачите од Македонија беа ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, од 13 до 15-годишна возраст, во класата на наставник по класичен балет Анастасија Калиманоска и ученици од студиото „Ритам плус“ од Скопје.

Учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј се натпреваруваа во категорија шоу-танц, а настапија со изведба со стилизиран етномотив, кореографија на ценетата Олга Милосавлева, на музика „Јовано Јованке“ од „Леб и сол“ и освоија прва награда во својата категорија.

Не е едноставно да се отиде на кој било натпревар, а посебно кога станува збор во Грција. Уште и да се освои прва награда таму, претставува голема гордост за секој Македонец – вели наставничката Калиманоска, која беше со учениците и се врати со оваа голема награда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top