| четврток, 6 декември 2018 |

Заканите за тужби од Заев не ги одвратиja граѓаните: Масовно се бара одговорност за велепредавство

Македонските граѓани не се исплашија од заканите за тужби кои ги упати лидерот на СДСМ и масовно се потпишуваа на иницијативата за одговорност за велепредавство на Зоран Заев.

potpis kavadarci

Граѓаните од Кавадарци вчера го ставија својот потпис и масовно побараа поведување на постапка за одговорност за велепредавство на претседателот на СДСМ.

Дејствувањето во име на СДСМ на Заев наидува на остра осуда кај пензионерите. Нагласуват дека власта се добива на избори, народот ја дава власта и народот ја одзема.

potpisi kavadarci 2

– Ова што се прави преку прислушкување, бламажа на официјалната власт и објавување на разговори се тешки кривични дела и треба да одговара за ова. Македонија ако продолжува со ова темпо на деинтеграција, односно рушење на уставниот поредок ќе се намали и вработувањето, ќе дојдеме до ситуација и ние пензионерите да не можеме да ги зимаме пензиите што ни ги гарантира и исплатува Владата. Од тие причини ние ја поддржуваме Владата на Република Македонија, а оние кои сакаат да дојдат на власт нека одат на времени избори, односно на редовни избори. Таму се дава власта. Власта ја дава народот и никој друг. Се ова што се прави до сега бараме од кривичниот суд и обвинтелството на Република Македонија да ја забрза постапката и да донесе конечна пресуда за сторителите на кривични дела, вели Трајан Трајковски, заменик-претседател на извршен одбор на пензионери.  

potpisi kavadarci 1

Кавадарчани дадоа поддршка за проектите на Владата и побараа што поскоро Заев да биде онаму каде што му е местото со законските прописи.

-Го дадов својот потпис за поддршка и активирање на правдата и вербата во правосудниот систем на Република Македонија, вели друг кавадарчанец.

-Мислам дека денешната иницијатива е во ред и крајно време е да се стави крај на озборувањата на Заев. Мислам крајно време е да се стави крај на тоа и Заев да си го најде местото, додава жителка на Кавадарци.

potpisi kavadarci 3

Иницијативата започна завчера во скопската населба Автокоманда. Голем број на граѓани во редици чекаа да го стават својот потпис на листите преку кои бараат Заев да биде прогласен за велепредавник. Потпишувањето на иницијативата вечерва ќе продолжи во скопски Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top