| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Брисел го одби Зврлевски?

Јав­но­то об­ви­ни­телс­тво по­ба­ра, Европ­ска­та ко­ми­си­ја од­би. Всуш­ност, шо­у­то со пре­пи­ска­та бе­ше са­мо веж­ба за тоа што си­те го зна­ат во овој ма­ке­дон­ски фолк­лор - Об­ви­ни­телс­тво­то е са­мо ед­на стра­на во суд­ски­от про­цес, а ни европ­ско­то пра­во, кое е ин­кор­по­ри­ра­но кај нас, не доз­во­лу­ва стран­ци да се пле­тка­ат во судс­тво­то

Пис­ме­на­та раз­ме­на ме­ѓу Јав­но­то об­ви­ни­телс­тво и Европ­ска­та ко­ми­си­ја со со­др­жи­на „по­ве­ле­те – не бла­го­да­рам“, всуш­ност, бе­ше до­маш­на за­да­ча од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца за опо­зи­ци­ја­та да ја сми­ри топ­ка­та со ома­ло­ва­жу­ва­ња­та кон Об­ви­ни­телс­тво­то и судс­тво­то во це­ли­на. До­пи­сот од ЕК го со­др­жи и од­го­во­рот на си­те до­пол­ни­тел­ни пра­ша­ња кои опо­зи­ци­о­не­ри­те са­ка­ат да ги на­мет­нат со раз­лич­ни тол­ку­ва­ња, по­втор­но со на­ме­ра да го де­вал­ви­ра­ат суд­ски­от си­стем.

„Единс­тве­но над­леж­но те­ло да ја це­ни об­је­ктив­но­ста или транс­па­рент­но­ста на актив­но­сти­те на јав­ни­те об­ви­ни­те­ли е су­дот од пр­ва ин­стан­ца и во слу­чај на жал­ба Апе­ла­ци­о­ни­от суд“. Оваа ре­че­ни­ца од ЕК ја ис­пра­ќа по­ра­ка­та де­ка Об­ви­ни­телс­тво­то е са­мо ед­на стра­на во суд­ски­от про­цес. Вто­ра­та по­ра­ка што ја со­др­жи овој од­го­вор е де­ка Европ­ска­та ко­ми­си­ја, ка­ко прет­став­ник на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, не­ма да доз­во­ли опо­зи­ци­ја­та да ја нав­ле­че на ед­на или дру­га стра­на во про­це­сот, и тоа уште до­де­ка де­ло­то е во под­го­то­вка во Јав­но­то об­ви­ни­телс­тво.

Всуш­ност, Европ­ска­та ко­ми­си­ја по­ра­ча да не се вр­ши при­ти­сок ни­ту врз Об­ви­ни­телс­тво­то ни­ту врз неа. А де­ка се­то тоа е кри­стал­но јас­но и во опо­зи­ци­ја­та, мо­же­ше да се зак­лу­чи од на­ста­пот на Ре­на­та Тре­нев­ска-Де­сков­ска ко­га бе­ше упа­те­но ба­ра­ње­то од Јав­но­то об­ви­ни­телс­тво. Таа на ед­на те­ле­ви­зи­ска де­ба­та се по­бу­ни зо­што би­ле по­ба­ра­ни екс­пер­ти-наб­љу­ду­ва­чи, без мож­ност да су­ге­ри­ра­ат. Се­ка­ко, таа за­ста­на зад по­ли­тич­ко­то ба­ра­ње за сме­на на јав­ни­от об­ви­ни­тел, па по­со­чи де­ка та­ква­та фор­ма на ба­ра­ње не зна­чи ни­што, од­нос­но зна­чи па­сив­но наб­љу­ду­ва­ње до­де­ка про­це­сот го во­дат не­кре­ди­бил­ни лу­ѓе.

Тоа што го зна­ат и прав­ни­ци­те и по­ли­ти­ча­ри­те во опо­зи­ци­ја е де­ка во Ма­ке­до­ни­ја об­ви­ни­тел и су­ди­ја не мо­же да би­де стра­нец. И тој за­кон не е са­мо ма­ке­дон­ски, ту­ку е европ­ски за­кон што е при­ме­нет во си­те др­жа­ви. Да се ба­ра пле­тка­ње на стран­ци во Об­ви­ни­телс­тво­то и во судс­тво­то зна­чи да се вра­ти др­жа­ва­та во ед­на фор­ма на про­те­кто­рат во кој ед­на или си­те три вла­сти се под ди­рект­на ме­ѓу­на­род­на упра­ва. По­ли­тич­ки да се ба­ра сме­на на јав­ни­от об­ви­ни­тел, а при­тоа да се ба­ра и стран­ска ин­тер­вен­ци­ја во Об­ви­ни­телс­тво­то се тол­ку­ва ка­ко ди­рект­но по­ви­ку­ва­ње на Ко­ми­си­ја­та од Бри­сел да им по­мог­не во таа на­ме­ра.

 

Вла­де­е­ње­то на пра­во­то е до­маш­на за­да­ча

Тие што ги поз­на­ва­ат кри­вич­но­то пра­во и суд­ски­от си­стем, ка­ко и тие што го поз­на­ва­ат европ­ско­то пра­во, по­со­чу­ва­ат де­ка та­кви­те ба­ра­ња од опо­зи­ци­ја­та се са­мо фор­ма на при­ти­сок врз Об­ви­ни­телс­тво­то и врз су­дот пред јав­но­ста, и тоа уште пред да поч­нат про­це­си­те во кои опо­зи­ци­ја­та е и под­но­си­тел на при­ја­ви, од ед­на стра­на, и об­ви­не­та, од дру­га стра­на, пре­ку вме­ша­ност на нив­ни­от ли­дер во друг про­цес кој се во­ди во Об­ви­ни­телс­тво­то. Ни­ед­но Јав­но об­ви­ни­телс­тво, ни­е­ден суд во др­жа­ви­те во Европ­ска­та уни­ја или во ко­ја би­ло дру­га су­ве­ре­на др­жа­ва не­ма за­кон со кој би доз­во­ли­ла стран­ски др­жав­ја­нин да вр­ши ра­бо­та на об­ви­ни­тел или на су­ди­ја. Ду­ри и во про­те­кто­ра­ти, стран­ци­те се тие што са­мо по­ду­чу­ва­ат, ука­жу­ва­ат при истра­ги­те на до­маш­ни­те об­ви­ни­те­ли или, пак, се дел од суд­ски со­вет во еден про­цес, но, се­пак, не мо­жат да се на ме­сто­то на гла­вен су­ди­ја. За­тоа и во до­об­јас­ну­ва­ње­то од Ко­ми­си­ја­та се на­ве­ду­ва­ат за­кон­ски­те рам­ки и огра­ни­чу­ва­ња­та за учес­тво на стран­ски екс­пер­ти во про­це­сот во Ма­ке­до­ни­ја.

Со­стој­ба­та се об­јас­ну­ва мно­гу ед­но­став­но. Во се­кој суд­ски про­цес, па и во тие во кои е дел Јав­но­то об­ви­ни­телс­тво, вле­гу­ва­ат две стран­ки. И по пре­су­да­та, ко­ја се те­ме­ли на об­ви­не­ни­ја и на од­бра­на пред су­дот, по­втор­но се ја­ву­ва­ат две стра­ни – таа што го до­би­ла и таа што го за­гу­би­ла спо­рот или, пре­нос­но, за­до­вол­на и не­за­до­вол­на стра­на. Не­за­до­вол­ни­те има­ат пра­во да се лу­тат, ка­ко што ве­ли и на­род­на­та му­дрост, со тоа што мо­же да си ја по­ба­ра­ат прав­да­та пред по­ви­со­ки су­до­ви. Ду­ри и ко­га ќе се ис­цр­пат прав­ни­те ле­ко­ви во ед­на др­жа­ва, има мож­ност да се ба­ра прав­да­та пред ме­ѓу­на­род­ни­те су­до­ви. Тие за тоа и по­сто­јат.

Ба­ра­ње­то на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја пре­не­се­но на европ­ски те­рен би зна­че­ло де­ка се­кој што би бил по­ви­кан пред суд во европ­ски­те др­жа­ви или за ко­го Јав­но­то об­ви­ни­телс­тво по­ве­ло истра­га, да по­ви­ка екс­пер­ти од стра­на во суд­ски­от си­стем за да го трг­нат сом­не­жот за не­ка­кво по­ли­тич­ко, еко­ном­ско, рас­но, по­ло­во вли­ја­ние. Во тој слу­чај не би тре­ба­ло да се оди на­та­му по пр­во­сте­пе­ни­от про­цес, ни­ту да се оста­ва по­тре­ба/мож­ност за жал­ба. И, се­ка­ко, ни­ко­му не му е јас­но зо­што то­гаш би по­сто­е­ле ме­ѓу­на­род­ни­те су­до­ви кои би до­не­су­ва­ле од­лу­ки ко­га ра­бо­та­та мно­гу по­лес­но би се за­вр­шу­ва­ла „на пр­ва“ – со екс­пер­ти што би па­ту­ва­ле низ кон­ти­нен­тот.

 

ЕУ и ма­ке­дон­ско­то судс­тво

Спо­ред Уста­вот, суд­ска­та власт е не­за­вис­на и се спро­ве­ду­ва пре­ку су­до­ви­те. На вр­вот на суд­ски­от си­стем се Вр­хов­ни­от суд и Суд­ски со­вет. Вр­хов­ни­от суд е нај­ви­сок суд и го обез­бе­ду­ва единс­тво­то во при­ме­на­та на за­ко­ни­те од стра­на на су­до­ви­те. Суд­ски­от со­вет е са­мо­сто­ен и не­за­ви­сен ор­ган на судс­тво­то, кој ги обез­бе­ду­ва и га­ран­ти­ра са­мо­стој­но­ста и не­за­вис­но­ста на суд­ска­та власт.

Но, тоа не зна­чи де­ка ма­ке­дон­ски­от суд­ски си­стем е над­вор од се­ка­ква со­ра­бо­тка со ме­ѓу­на­род­ни­те ин­сти­ту­ции ко­га ста­ну­ва збор за истра­ги. Ма­ке­до­ни­ја со­ра­бо­ту­ва со Европ­ска­та аген­ци­ја за прав­да – Евро­џаст. Ос­нов­на­та ми­си­ја на Европ­ска­та аген­ци­ја за прав­да е за­јак­ну­ва­ње на ефе­ктив­но­ста на ин­сти­ту­ци­и­те на зем­ји­те-член­ки над­леж­ни за истра­га и го­не­ње се­ри­оз­ни об­ли­ци на транс­на­ци­о­на­лен и ор­га­ни­зи­ран кри­ми­нал. Пре­ку Аген­ци­ја­та се вр­ши уск­ла­ду­ва­ње на за­ед­нич­ка­та бор­ба про­тив ор­га­ни­зи­ра­ни­от кри­ми­нал, тр­го­ви­ја­та со лу­ѓе, бор­ба­та про­тив те­ро­риз­мот, ек­стра­ди­ци­ја­та на об­ви­не­ти, сле­де­ње­то на из­вр­шу­ва­ње­то на европ­ски­те суд­ски на­ло­зи и дру­ги де­ла. Поз­на­ва­чи­те ве­лат де­ка до­го­во­рот со Европ­ска­та аген­ци­ја за прав­да бил ну­жен пре­дус­лов за да се сим­не шен­ген­ски­от ѕид пред Ма­ке­до­ни­ја. Спо­ред тој до­го­вор, се пред­ви­ду­ва раз­ме­на на по­да­то­ци, но не и во­де­ње за­ед­нич­ки истра­ги.

Тоа што е ве­ро­јат­но е де­ка до­де­ка трае про­це­сот за „Пуч“, Европ­ска­та ко­ми­си­ја ќе оста­не во за­кон­ски­те рам­ки да не се ме­ша во истра­ги или по­стап­ки во тек, а по­тоа е мож­но да да­де евен­ту­ал­ни пре­по­ра­ки ка­ко би се по­до­бри­ла ефи­кас­но­ста и не­за­вис­но­ста на суд­ски­от си­стем. Ве­ро­јат­но е и де­ка во бли­ска ид­ни­на опо­зи­ци­ја­та ќе про­дол­жи со по­ли­ти­ка­та на оцр­ну­ва­ње на тоа што се на­ре­ку­ва вла­де­е­ње на пра­во­то, не­ги­рај­ќи ја не­за­вис­но­ста на судс­тво­то и на Јав­но­то об­ви­ни­телс­тво до­де­ка под­не­су­ва но­ви прет­ста­вки про­тив чле­но­ви во вла­ста. Да­ли ќе ја раз­бе­ре по­ра­ка­та од Бри­сел да не се оби­ду­ва да ги вме­ша во игра­та, тоа за­се­га не мо­же да се прет­по­ста­ви.

(Пишува: Наум Стоилковски
Текст објавен во 135. број на неделникот „Република“, 3.04.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top