| четврток, 6 декември 2018 |

Победа за Металург и за Брегалница

 Екипите на Металург и Брегалница славеа победи во натпреварите одиграни во рамките од 23.коло на Првата македонска фудбалска лига.

На мечот одигран на стадионот „Борис Трајковски’’ во скопската населба Маџари, екипата на Металург како домаќин го совлада Пелистер со 3:1.

Стрелци на головите за Металург беа: Благоја Наумоски (22-минута, Ѓорѓески (47) и Марјан Радески (62). Голот за битолчани го постигна Љутви Биљали во 46-минута.

Штипска Брегалница со голот на Бошко Ступиќ во 61-минута, ја совлада екипата на Хоризонт Турново, на гостински терен, со 1:0.

Во првиот натпревар одигран попладнево, Работнички со 2:0 го победи Силекс со погодоците на Горан Силјановски (35) и Баже Илијоски (81), со што „Романтичарите’’ го минаа Вардар на првото место на табелата.

Вардарци пак својот меч од 23.коло против Тетекс ќе го играат утре од 16 часот, на арената „Филип Втори’’, додека во истиот термин во Тетово ќе започне градското дерби меѓу Ренова – Шкендија.

Табела: Работнички 51 бодови, Вардар 49 (-1 натпревар помалку), Шкендија 40 (-1), Ренова 36 (-1), Силекс 30, Металург 29, Хоризонт Турново 25, Брегалница 22, Пелистер 19 и Тетекс 9 (-1).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top