Пелистер од следната сезона повторно ќе биде дел од Првата македонска фудбалска лига, откако и во реваншот попладнево славеше над Хоризонт Турново со 1-0 и со вкупни 3-1 обезбеди пласман меѓу најдобрите. Стрелец на единствениот гол на баражот беше Дејан Цветаноски.
Во бараж натпреварите за опстанок во Втората лига, Академија Пандев и во вториот дуел победи против Гоблен. На вториот натпревар беше 3-1 и со вкупни 5-2 си обезбеди уште една сезона во Втората лига.
Понеизвесно беше на дуелот меѓу Љубанци и Новаци. По триумфот на првиот дуел од 3-1 за Љубанци, во реваншот денес беше 2-0 за Новаци, па победникот беше решен по изведувањето пенали. Љубанци беше поуспешен во изведувањето пенали, победи со 5-3 и обезбеди опстанок во Втората лига.
Во првиот бараж дуел Вардар Неготино го победи Вардари со 3-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.