В среда, на 8 април со почеток во 12 часот, во големата конференциска сала на НУ Музеј на македонската борба ќе биде поставена завршната изложба на проектот „Музејот – пријател на децата“. На изложбата ќе бидат претставени најуспешните дела од проектот во категории ликовни и литературни творби, наградени и пофалени творби и творби за изложување. Модератори на завршната свеченост ќе бидат ученици од драмската секција на основното училиште „Вера Циривири – Трена“ од Скопје.
Проектот кој почна со реализација во септември 2014 година опфати двесте ученици од повеќе училишта од државата и е дел од годишната програма за остварување на националниот интерес во културата на Република Македонија. Учениците преку едукативни и креативни работилници се запознаа со своето минато претставено низ постојаната поставка на Музејот на македонската борба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.