| четврток, 6 декември 2018 |

Неделковски: Заев веднаш да се најде во притвор!

milenko tv

Новинарот Миленко Неделковски на трибината на Граѓанското движење за одбрана на Македонија побара лидерот на СДСМ да биде во притвор.

Тој истакна дека изминатиов период сите сме заложници на еден патолошки лажго и манипулатор.

-Има многу луѓе кои се судриле со законот, но сите излегле еднакви пред законот. Според уставот, пред законот се сите еднакви. Но за жал се испостави дека не е така, односно дека има некој поинаков. Во моментов имаме лице кое се вика Зоран Заев, на кое му е овозможено да се брани од слобода за аферата Пуч. Меѓутоа за да се брани така има 3 параметри- да не избега од државата, да не го повтори делото и да не влијае врз сведоците. Тие услови важат за сите! Сите го штитат Заев, а никој не го штити македонскиот народ од него – рече Неделковски.

Новинарот ги повика  државните институции да не мижат пред феноменот наречен Зоран Заев.

-Заев е човек кој ги има прекршено параметрите за бранење од слобода. Час поскоро мора да заврши во притвор каде е неговиот ортак Верушевски. Да одговара за  200.000 евра поткуп и за откривање на државни тајни за опремувањето на нашите безбедносни сили. Заев веднаш да се најде во притвор, да почне судска пресуда против него – побара Неделковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top