Лондонскиот музеј „Викторија и Алберт“ соопшти дека изложбата посветена на музичарот Дејвид Боуви руши рекорди на посетеност во оваа институција. Во претпродажба се продадени веќе 50 илјади влезници за изложбата која ќе биде отворена утре, на 23 март. Изложбата е составена од повеќе од 300 предмети, вклучувајќи стихови, видеоснимки, инструменти и екстравагантни костими кои легендарниот Боуви ги носел на концертите.
Со оваа изложба е опфатена целата кариера на уметникот кој е роден во Лондон во 1947 година, под името Дејвид Џонс. Ова е првпат музејот „Викторија и Алберт“ да му посвети комплетна поставка на оваа култна поп-ѕвезда. Кураторката на изложбата Викторја Брокес вели дека Боуви одамна не е само една обична музича ѕвезда, туку тој е навлезен во сите пори на културата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.