Дипломскиот филм на Сашко Потер Мицевски, „(Вон)земјанинот Ли“ ја доби наградата за најдобар документарен филм на Интернационалниот фестивал на студентски филмови во Белград.
Фестивалот се одржа од 29 до 31 март во Домот на млади во Белград, а филмот беше прикажан на отвoрањето на фестивалот.
Овој филм досега беше прикажан на повеќе интернационални филмски фестивали низ светот, а, исто така, има освоено и награда за најдобра монтажа на документарен филм на фестивалот во Делхи, Индија за кратки филмови во ноември 2014 година.
„(Вон)земјанинот Ли“ е краткометражна документарна приказна за штипската легенда Мики Ли Трајчевски, може да се погледне на каналот „Јутјуб“ и е достапен со превод на 14 јазици.
Следна дестинација на филмот е фестивалот во Париз, кој ќе се одржи од 12 до 19 април во Париз, а во склоп на истиот фестивалот ќе се прикажува и во Берин кон средината на јуни.
Сашко Потер Мицевски има дипломирано на катедрата по филмска и ТВ монтажа на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класа на проф. Димитар Грбевски и професорот Лазар Секуловски. Во моментов, тој го дооформува своето образование на магистерски студии во Англија и работи на својот следен документарен филм со наслов „Сите ќе умреме“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ирма Башеска Ристовска, режисерка: Не беше само процес на снимање, туку и процес на запознавање на уште една страна на мојот татко
-
Вечерва „Крафтверк“-Поп арт на Зимскиот фестивал Скопје синема сити
-
Документарниот филм за Дејвид Боуви доаѓа набрзо!
-
„Трст, Југославија“: Снимен докуметарец за златното доба на шопинг-меката во 60-те и 70-те години