Академскиот сликар Симон Шемов завчера во просториите на „Матица ексклузив“ пред љубителите на уметноста се претстави со свои нови триесет и шест дела. Наедно, беше промовирано и неговото библиофилско издание под наслов „Медиум – целулоза“, кое претставува рачна изработка на хартија, видови целулоза од домашно поднебје и нивна паралела со веќе познатите целулозни суровини. Изложбата ја отвори Иван Џепаровски, а со овој настан „Матица ексклузив“ уште еднаш го потврди мултимедијалниот карактер, покрај литературата да промовира и други уметнички содржини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.