| четврток, 6 декември 2018 |

Фидел Кастро се појави во јавност по 14 месеци

Фидел Кастро по 14 месеци се појави во јавноста. Тој во Хавана се сретна со делегација на Венецуела која се наоѓа во Куба во „мисија за солидарност“. Кубанските весници го опишаа остарениот Кастро како човек „исполнет со виталност“ но од средбата на која и е дадено големо внимение, има само фотографија на која се гледа Кастро како седи во своето возило и низ прозорецот се поздравува со гостите. На себе има спортска ветровка и капче за безбол-најомилениот спорт на некогаш неприкосновениот лидер на Куба, облека во која тој најчесто се фотографира, откако во 2006 година се повлече од сите свои државни и партиски функции, поради серизоно нарушено здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top