Денеска повторно обилниот снег го отежна сообраќајот на планинските места во северозападниот регион. Во 12 часот воведена е забрана за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража како и на патниот правец Р1202 од Мавровска крстосница Маврови Анови до Дебар поради врнежи од снег, соопштуваат од АМСМ.
-Обилен снег паѓа и на Попова Шапка. Врнежите ќе продолжат се до утрешниот ден, а ќе се интензивираат вечерва, објавува „Метеопро“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.