Во Кочани ќе се гради Дом за стари лица по пат на приватно јавно партнерство.
– Ова е првата фаза со која Општината и ЗП Кочани обезбедија финансиски средства за изработка на техничката и проектна документација за домот. Оптимист сум дека неговата изградба ќе започне наскоро – истакна Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.
За претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија Драги Аргировски изградбата на ваков дом е повеќе од потребна бидејќи во источна Македонија не постои сместувачки капацитет за стари лица. Според Аргировски, домот е влезен во Националната стратегија и ќе се гради заедно со Министерството за труд и социјална политика.
Државниот секретар во МТСП Демир Хусеин истакна дека повеќе од потребна е изградбата на ваков дом бидејќи се работи за стари лица кои треба да се згрижат и во нивната трета доба. – Ве охрабрувам во идејата и очекувам проектот да се реализира во целост, истакна Хусеин.
Домот ќе располага со 144 легла во 66 двокреветни соби, ќе биде на три ката и ќе ја користи геотермалната вода, како и сончевата енергија преку изградба на фотоволтаична централа од 50 киловат ампери, истакна Ѓорѓи Серафимов, претедател на ЗП од Кочани.
Домот за стари лица во Кочани има регионален карактер и во него ќе бидат сместени пензионери од Кочани, Виница, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Кочанскиот ориз не е ГМО
-
Томаж Космач и Марко Брецељ гостуваат во Кочани на промоцијата на книгата „Панкот не е мртов“
-
Ќерката која ја преживеа семејната трагедија во Кочани ќе остане во болница под надзор на психијатар