Премиерот Никола Груевски на вчерашниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово одговори на обвинувањата упатени од страна на лидерот на опозицијата Зоран Заев, за наводна провизија која била договарана за набавка на опрема за МВР од Република Израел.
–Во однос на случајот со Република Израел, освен срамот кој го нанесе Заев на државата и на сите нас, за него лично не говорам, затоа што очигледно овој човек не знае што значи тоа срам, би сакал да го кажам следново. Република Израел има одлични пријателски и партнерски односи со нашата земја, базирани на бројни меѓусебни договори кои меѓусебно како две држави ги имаме потпишано и ние таа соработка ја негуваме и се обидуваме да ја продлабочуваме. Во рамки на таа соработка државата Израел на Македонија и дала огромна помош на различен начин. Еден од тие проекти е и проектот за кој Зоран Заев зборуваше пред некој ден и изнесе лаги и навреди,…. остајте за нас, туку и за нашите пријатели од државните институции од Израел. Без ронка срам човекот кој најави дека кога ќе дошол на власт ќе избркал од работа се од чистачка до министер и ќе си оставел нови од СДСМ, ги наклевети сите, вклучително и претставниците од Министерството за одбрана на Израел кои замислете ги објави со слика, и ги објави нивните лични податоци!!!!!???, Срамно и крајно штетно за државата….обвинувајќи не сите за нешто што беше голема помош на Израел кон нас. Значи, Израел донираше 5,7 милиони евра помош за македонската полиција, за македонските специјални сили, а тоа што овој го говореше е класична лага во која веќе и неговите соработници се уверија па мораат да го перат сега на различен начин. Заев издаде државна тајна и објави работи со кои се направи обид да се наштети на македонската полиција и на управата за разузнавање. Од договор и соработка чиста како солза, некој свесно сака да ги саботира односите со нашите пријатели. И утре ваков човек или тие околу него ќе сакаат да водат држава – рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.