| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата „Монахот што се плашеше од смртта“ од Горан Василевски

unnamed
На шести aприл, понеделник, во 19,30 часот, во Галерија на Младински културен центар (МКЦ) ќе се одржи промоција на новата книга раскази „Монахот што се плашеше од смртта“ од Горан Василевски, а издавач е ПНВ ПУБЛИКАЦИИ.
Книгата ќе ја претстават критичарите Гоце Ристовски и Лилјана Пандева, а делови од расказите ќе читаат актери од НАТГ „Аматер“- Охрид.
По збирката поезија „Мандарина“ (2008) и по романот „Оревот“ (2013), Горан Василевски за својата веќе верна читачка публика ја подготви збирката раскази под наслов „Монахот што се плашеше од смртта“.
Овој автор, роден 1968 година во Постојна, Р. Словенија, релтивно доцна се пројавува како име на коешто македонската современа литература треба да смета. Кај овој автор зачудува фактот што по првите објавени песни тој се фаќа во костец со роман, со најобемната раскажувачка проза, за дури потоа да почне да пишува раскази. Имено во романот „Оревот“ се следат две раскажувачки линии на авторот. Едната романсиерска во вистинска смисла на зборот, другата со куси интермеца, секвенци кои секако претставуваат зародиш на краткиот расказ, форма со која Горан Василевски сега ни се претставува како автор.
„Збирката раскази „Монахот што се плашеше од смртта“ е составена од 17 раскази. Секој од нив е приказна за себе. Тие се самостојни, со различни теми и секако со различен пристап во раскажувањето. Авторот сам ги подредува така како што се хронолошки и напишани. Литературната критика пак слободно може да ги издвои во циклуси.
Храбро одејќи од тема на тема, градејќи секојдневни, а толку несекојдневни ликови, раскажувајќи веќе раскажани приказни, Горан Василевски докажува зошто е читан автор, зошто полека почнува да го зацврстува своето место во македонската современа проза“, вели за книгата Лилјана Пандева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top