Денес ќе Ве потсетиме за сите погрешни политики, за сите злодела на СДСМ во Прилеп, за свесното уништување на градот и за игнорантскиот однос кон прилепчани, изјави денеска на прес-конференција прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.
Денес ќе ја слушнете вистината за Прилеп! СДСМ го остави Прилеп:
35 илјади работници останати на улица, уништени земјоделци и тутунари, десетици и десетици пропаднати фирми и избркани странски инвеститори, комплетно уништена економија.
Прилепските гиганти Еурокомпозит и Тутунски комбинат нивните експерти ги претворија во најголеми загубари.
Прилеп беше град на страв и терор, рекет по фирми, бомби (АМА ВИСТИНСКИ) за бизнисмени и значајни личности, уцени и закани од локални мафијаши поддржани од локланите моќници на СДСМ, тероризирана чаршија – Прилеп град на стравот и криминалот. (Добро го паметат тоа Прилепчани)
Највалкан и најнеуреден град без никаква инфраструктура, уништени сиболите на градот:
„Могилата“, „ Участакот“, „Градскиот часовник“… срам за сите прилепчани.
Се сеќавате ли на кризите кога останувавме без капка вода, кога не знаевме што е канализација и водоводна мрежа, 65% неасвалтирани улици во градот.
Хорор во училишта и градинките, спортските сали, град без улично осветлување, град без ниту еден парк и детски игралишта, а за плоштади и да не зборуваме.
Намерно ги уништуваа јавните претпријатија и Општината ја оставија со долг од седум милиони евра.
Не знаеа дека постои населбата Тризла во која живеат Роми.
Варош, гордоста на Прилеп го оставија на забот на времето, Варошани тоа добро го знаат.
А селаните за нив беа луѓе од втор ред за господата од СДСМ тие не заслужувале пат,
водовод, училишта потопени во мрак без улично осветлување.
Ама знаеа да организираат „фер избори“ со закани, оружје и полнење кутии – Е ТОА ЗА НИВ БИЛЕ ФЕР ИЗБОРИ !
Пензионерите си знаат колку средства им кратеа секој месец и со колкави пензии живееа. Сограѓани, дали се сеќавате на барем еден проект за доброто на Прилеп во нивно време!
ЕВЕ ЈА ВИСТИНАТА ЗА ПРИЛЕП СО КОЈА СЕ ГОРДЕЕМЕ, ЗА КОЈА ЈА ДОБИВАМЕ ПОДДРШКАТА
ОВИЕ 10 ГОДИНИ, БИДЕЈЌИ РАБОТИМЕ И ОСТАВАМЕ ДЕЛА СО КОИ СЕ ГОРДЕЕМЕ СИТЕ.
1. Решен е проблемот со водоснабдувањето. Инвестиравме 15 милиони евра за навек да немаме проблеми. Изградивме 150 км водоводна мрежа и нови бунари.
2. Добивме 30 милиони евра за Прочистителна станица и 70 км канализациона мрежа.
3. Поставивме 170 км нова асфалтна мрежа во градот и населените места.
4. Изградивме нов влез на градот во должина од 2 км вреден 2 милиони евра.
5. Поплочивме 60 илјади м2 нови плоштади од гранит и мермер.
6. Прилеп е лидер во легализирани објекти.
7. Уредивме 150 илјади м2 паркови и детски игралишта.
8. Денес младите имаат можност да спортуваат на нови игралишта и нови спортски сали.
Прилеп прераснува во град со најдобра спортска инфраструктура.
Прилеп е најчист град во Р.М
1. Ветивме и отворивме кино по 20 години.
2. Во образованието распределивме 10 милиони евра во сите училишта, тоа го заслужуваат нашите деца и нивните родители.
3. Не ги заборавивме и најмалите, се реконструираат градинките и ќе се отварат нови.
4. Ги напуштивме старите бараки и имаме нова општинска зграда.
5. Пожарникарите имаат нови возила, опрема и нова зграда за тоа инвестиравме 1 милион евра.
6. По 60 години го покривме, осветливме и реконструиравме градскиот пазар.
7. Конечно Прилеп има градски превоз и нова автобуска, како што ветивме пред 2 години, а за брзо и реконструирана железничка со нови возови.
8. Наместо хаос – уредени градски паркинзи.
9. Прилеп доби патрон на градот и 4 нови Цркви, пат до Трескавец и Зрзе вредни 3
милиони евра. Се изградија конаците во Зрзе, Архангел Михаил, св Никола во
Мариово.
10. Единствени во Македонија имаме Примарна селекција на отпад. За ова ни требаше нов возен парк и 800 нови контењери и 20 илјади корпи за отпад.
11. Прилеп ќе добие нова фабрика за отпад прва во Македонија.
12. Бизнис секторот побара и доби најсовремен царински терминал.
13. Денес имаме средени градски гробишта и нова Капела на истите.
14. Се инвестираше во старски дом.
15. Комплетно се реконструира Библиотеката.
Ова е вистината за Општина Прилеп… Но не е тоа се…
Секој град има свои амблеми, а ние посебно ги почитуваме – ги реконструиравме: Могилата, Участакот, Градскиот часовник… денес се гордееме со нив.
Чаршијата доби нов сјај со новите цветни улици и пешачки патеки, убавите фонтани и плоштади.
Прилепските великани конечно добијаа свои споменици: Пере, Ѓорче, Кузман, Карпалак, Прилепските бранители и многу други.
Денес светот не препознава по: Пивофест, Карневалот, Џез фестивал, Мотокрос, Болдеринг, Параглајдинг и многу други манифестации кои го воздигнаа алтернативниот туризам.
ЕВЕ ГИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД СОРАБОТКАТА СО НАШАТА ВЛАДА:
1. Обезбедени 88 милиони евра за експресниот пат Прилеп – Градско.
2. Почна изградбата на инфраструктурата во ТИРЗ и другите индустриски зони за новите инвестиции.
3. Почна обновата на салата на домот на културата.
4. Ќе започне обновата на манастирот Трескавец.
5. Комплетно нов лик на Здравствен дом и Центарот за јавно здравје.
6. Оваа година ќе започне реконструкција на Градската болница
7. Намалени цените на лековите.
8. Прилепските земјоделци годинава како и секоја година ќе добивијат 25 милиони евра субвенции од Владата.
9. Многу бенефиции за Пензионерите и се разбира повиски пензии.
10. Повиски плати за администрацијата и загарантирана минимална плата.
11. Многу проактивни мерки за самовработување за нови работни места .
12. Во Јуни готови 76 нови социјални станови.
13. Милион евра за реконструкција на Градски стадион.
И многу многу други проекти..
Заради овие наши дела и ангажманот на Владата,
Следните светски Компании одлучија своите произвотствени капацитети да ги изградат токму во нашиот Прилеп.
Американската „Гентерм“ – 2000 нови вработувања, започнува со работа Ноември оваа година.
Американската „Дупонд“- 1000 нови вработувања. Германската „Акомпласт“ – 250 нови вработувања. Италијанската „Бузи и Бузи“-100 нови вработувања.
Се преговара и со други компании,очекуваме дел од нив исто така да потврдат инвестиција во
Прилеп.
А, да не заборавиме дека „Филип Морис“ најголемата компанија во тутунскиот бизнис веќе е стратешки партнер на Тутунски Комбинат.
Добрите услови за развој на својот бизнис го препознаа и домашните стопанственици со проширување на своите капацитети:
Витаминка, Прилепска Пиварница, Конфи Ангел, Донија, Тритекс, Тинекс, Серта, Бимфуд и многу други.
Нашата проекција се 3 до 5 илјади нови работни места во наредниот период.
Нашата проекција е Економски силен, Моќен Прилеп, Уреден Прилеп, Прилеп гордост на сите. Почитувани сограѓани,
Во наредниов период ќе слушате се и сешто, лаги, конструкции, шпекулации, манипулации…
со една единствена цел, некој без труд,без пот,без програма и проекти со кодошење и шпиунирање на својот народ и својата држава по секоја цена да се добери до власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.