| четврток, 6 декември 2018 |

Јирген Клоп останува на клупата на Борусија Дортмунд

Претседателот на Борусија Дортмунд Ханс-Јоаким Вацке изјави дека има потполна доверба во првиот човек на клупата на „милионерите“ Јирген Клоп.
Целата управа на клубот од Дортмунд му искажа целосна подршка на Клоп и по лошите резултати кои клубот ги бележи оваа сезона.
На полусезоната Борисја беше закована на последното место на табелата, но со неколку добри игри се искачи кон средината со можност да го доситгне местото кое во води во европските купови.

– За мене ситуацијата е апсолутно јасна, Јирген Клоп останува на чело на Борусија и следната сезона. Тој е извонреден тренер и нормално е другите врвни клубови да го бараат, но ние имаме договор со него, а впрочем и самиот Јирген не помислува на заминување. Тој овде води сериозен проект од чии резултати сите сме многу задоволни – изјави Вацке за весникот Билд.

Денеска Борусија на домашен терен го игра супердербито против Баерн Минхен кој доаѓа растеретен бидејќи има предност од 10 бода во однос на второпласираната екипа Волфсбург во Бундеслигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top