| четврток, 6 декември 2018 |

Легендата си замина од ФФМ, Најдоски поднесе оставка

Легендата на македонскиот фудбал Илија Најдоски поднесе оставка на функцијата менаџер на А-репрезентацијата, незадоволен од резултатите и игрите на нашите сениори во квалификацискиот циклус за настап на ЕП 2016 година. Како што информира спортскиот портал „Екипа“, Најдоски наскоро ќе ги обелодени целосно причините за повлекувањето од својата функција.

Најдоски во А-репрезентацијата дојде речиси истовремено со назначувањето на Бошко Ѓуровски за селектор. По слабите резултати, и позицијата на Ѓуровски е разнишана и можно е и тој да поднесе оставка или да биде резрешен.

Управниот одбор на ФФМ побара извештај од Бошко Ѓуровски околу последниот натпревар на сениорската репрезентација против Белорусија во квалификациите за ЕП 2016, што го загубивме со 1-2. Клучниот состанок на УО на кој ќе се одлучува за судбината на актуелниот селектор би требало да биде идната недела.

ilija

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top