Во пресрет на најважниот натпревар оваа сезона, ЖРК Вардар во четврт-финалето го игра двомечот со европскиот шампион Ѓер. Првиот натпревар се игра во Скопје в сабота со почеток од 19 часот.
Влогот е голем а тоа значи пласман на завршниот турнир во Будимпешта. Предноста на Ѓер е што реваншот го игра на домашен терен за седум дена како тоа што завршниот турнир ќе се организира во нивната земја.
Ѓер е голем авторитет во женскиот клупски ракомет во Европа, и тоа му дава дополнителна тежина на натпреварот бидејќи е можно некои надворешни влијанија да резултираат на крајниот епилог во ова четврт-финале.
Сепак, и Ѓер има слаби точки, тренерот на екипата Индира Кастратовиќ напомена дека добро се подготвиле, нема повредени ракометарки и со сите сили ќе атакува на победа.
– Знаеме со каков противник играме. Овој натпревар има две полувремиња во Скопје и во Ѓер. Работевме крајно мотивирано, а во тоа ни помогна и екипата на Есбјерг од Данска која дојде во Скопје за да одиграме две многу силни контроли. Посебен акцент и анализа на противникот ставивме на натпреварите на Ѓер со Ларвик, кои двете ги доби данскиот преставник. Како и секогаш, така и в сабота акцентот ќе се стави на одбраната и првите неколку минути од натпреварот можат да бида пресудни – изјави Индира Кастратовиќ.
Сите од таборот на вардарки се подготвени за овој натпревар, можеби и се во најдобра форма од почетокот на сезоната и подготвени го пречекуваат големиот противник. Сепак, алепираат дека флуидот кој го има машката екипа на Вардар со публиката во „Јане Сандански“ треба да се пренесе и сега в сабота.
– Повторно ги повикувам сите љубители на ракометот да дојдат на мечот. Гледајќи ги натпреварите на машката екипа, знаеме дека со таква публика е невозможно да се загуби. Ова ни е најважен натпревар во сезоната и се надеваме дека по овој натпревар ќе ги усреќиме нашите симпатизери низ Македонија – додаде Кастратовиќ.
На прашањето дали стравува од големната на противникот и помошта која можеби би ја добиле гостите од судиите и ЕХФ.
– Јас како тренер не сакам да размислувам за Ѓер како тим кој можеби би имал ветер во грб. Ние имаме друга работа и сакаме да се фокусираме на тоа. Имаме луѓе кои ќе треба да реагираат ако случајно има повод за такво нешто – заврши Кастратовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.