| четврток, 6 декември 2018 |

„Панаѓур на суетата“ – изложба во „Остен“

za-medii-1

По повод Светскиот ден на шегата, во галеријата „Остен“ денеска ќе биде отворена изложба „Панаѓур на суетата“ на карикатуристите од Бугарија Ала и Чавдар Георгиеви, кои работат заедно од 1982 година. Тие се носители на повеќе од 30 национални и меѓународни награди. Реализирале пет самостојни изложби, објавиле авторска книга со сатирични цртежи насловена „Изгонети од рајот” и се автори на над 60 корици на книги.

Нивни творби се наоѓаат во Музејот на карикатурата во Базел, публикувани се во бугарскиот периодичен печат, како и во САД, Германија, Полска, Русија, Иран… Соработници се на списанието „Economist“ и „Intelligent Life“, а работат на секојдневна карикатура во весникот „Новинар”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top