Германија и Франција планираат заедно со Италија да работат на развој на воени беспилотни летала, кои можат да пренесуваат и оружје.
Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска по состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека за Европа е важно да биде независна и во производството на дронови, како и во користењето на снимките кои ќе ги направат леталата.
– Повеќе снимки претставуваат моќ, а оние кои ги имаат можат да преземат и акција, нагласи Оланд.
Во план е европските дронови да бидат произведени меѓу 2020 и 2025 година.
Германија не ја одобри праксата на американската Влада да користи дронови за смртоносни напади против осомничени терористи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


