| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ произведува 76 литри пиво по жител

Најголем производител на пиво во Европската унија е Германија, водечки извозник е Холандија, а кога увезува пиво ЕУ на прво место го избира Мексико, а на второ Србија, објави Евростат по повод Меѓународниоит ден на пивото што се одбележува денеска.

Европската унија во 2016 година произвела 39 милијарди литри пиво, за 400 милиони повеќе отколку во 2015 година. Тоа означува дека се произведени 76 литри по жител.

Германија лани произвела 8,3 милијарди литри пиво или 21 отсто од вкупното производство во ЕУ.

Од Холандија се извезени 1,9 милијарди литри пиво со алкохол, следуваат Германија со 1,7 милијарди литри, Белгија со 1,5 милијарди, Франција со 0,7 милијарди и Британија со 0,6 милијарди.

Главни увозници на пиво од ЕУ се САД каде во 2016 година се испорачани 1,1 милијарда литри. Следи Кина каде увезле 525 милиони литри и Канада со увоз од 202 милиони.

Од Мексико во ЕУ се увезени 180 милиони литри додека од Србија – 46,9 милиони литри или 13 отсто од вкупниот увоз на пиво од држави вон ЕУ.

Меѓународниот ден на пивото се одбележува од 2008 година секој прв петок во август во повеќе од 200 градови ширум светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top