| четврток, 6 декември 2018 |

Мишелинките попукаа во Сибир: Швеѓаните ги исмеваат Американците, маринците не издржаа на руската граница

За време на неодамна одржаната воена вежба „Џоинт Викинг 2017“ во Норвешка на американските маринци им потфрлила арктичката опрема. Маневрите биле одржани покрај норвешко-руската граница во почетокот на март, а учествувале околу 200 маринци.

Сепак, Американците не го положиле тестот на издржливост, односно нивната опрема потфрлила на 45 степени под нулата, пишува „Дифенз њуз“
Претставникот на шведскиот произведувач на воената облека „Торака“ Јонас Рајдем ја критикувал воената облека на маринците и со иронија забележал дека во неа изгледаат како маскота на „Мишелин“.
Јакните пукале од студот, патентие замрзнувале и не се отворале, а чизмие им испаѓале од скиите, Коментирајќи ја таа информација, генерал-мајор Нил Нилсон сооштил дека сите недостатоци ќе бидат земени предвид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top