| четврток, 6 декември 2018 |

Економијата во амбис-во август забележан е пад на индустриското производство од 5,3 отсто

Индустриското производство во август годинава во однос на август лани бележи намалување од 5,3 отсто, а за осумте месеци од годинава во однос на периодот јануари – август 2016 година намалување за 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

По сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи опаѓање од 6,1 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ падот е за 8 отсто. Пораст на индустриското производствоод 28,1 отсто е забележан во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“.

Намалувањето во секторот „преработувачка индустрија“ е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, тутунски производи, текстил, облека, а намалено е и производсртвото на производи од гума и производи од пластични маси, на метали,  машини и уреди,  и производството на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст кај „енергија“ за 19 проценти, додека опаѓање бележи кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 4,3 отсто, „капитални производи“ за 12,4 отсто, кај „трајни производи за широка потрошувачка“ падот е  за 8,7 отсто , оддека кај „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 8 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top