| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсено цело семејство, кое планирало да замине во џихад

 Шпанската полиција денеска уапси четиричлено семејство, вклучувајќи и 16-годишни близнаци, кои планирале да заминат во Сирија и да станат џихадисти, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се наведува дека родителите и синовите се од мароканска националност, а се уапсени во Бадалона, во близина на Барселона.

Според Министерството, постариот брат минатата година ѝ се придружил на групата Исламска држава, каде што загинал. Близнаците го напуштиле училиштето во Шпанија за да го изучуваат Куранот во Мароко, во рамки на џихадистичка обука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top