| четврток, 6 декември 2018 |

Наумоф на Годишниот инвестициски собир во Дубаи

наумоф

Одличната бизнис клима и предностите кои ги нуди Македонија како порта кон Европа, министерот за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф денеска ги презентираше пред високи претставници на компании на 5. Годишен инвестициски собир во Дубаи, каде присуствува на лична покана од министерот за економија на Обединетите Арапски Емирати, Султан бин Саид ал Мансури.

Ова е второ последователно учество на министерот Наумоф на годишниот собир на инвеститори во Дубаи, кој е еден од најважните собири на најголемите бизнис инвеститори од целиот свет.

На собирот Наумоф имаше неколку значајни средби и беше постигнат договор за размена на бизнис делегации меѓу Македонија и ОАЕ.

Заедно со неколку министри од други земји, Наумоф оствари средба и со заменик-претседателот и премиер на ОАЕ и владетел на Дубаи, Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум. На средбата се дискутираше за подобрување на стратегијата за привлекување на странски директни инвестиции и зајакнување на економските односи.

На состанокот, на кој присуствуваше и првиот македонски амбасадор во Обединетите Арапски Емирати, Сашо Ташевски, стана збор и за добрите билатералните односи кои произлегуваат од отворањето на Македонската амбасада, минатата недела.

Министерот Наумоф и амбасадорот Ташевски во Дубаи се сретнаа и со извршниот директор на една меѓународна фармацевтска производствена компанија која е подготвена да инвестира во Македонија.

Првичната средба со извршниот директор на оваа компанија беше остварена на бизнис форумот што минатата година се одржа во Истанбул, а по неколку успешно организирани посети во земјава, како што информираат од Кабинетот на Наумоф, компанијата е подготвена да инвестира во Македонија. Нивните проекти ќе обезбедат вработување на високо квалификувани фармацевти и фармацевтски техничари во Македонија.

– Компанијата беше привлечена од компетитивните производствени трошоци кои Македонија ги овозможува и исто така и можноста да обезбедат навремена достава до своите клиенти во Европа, Северна Африка и Блискиот Исток – посочуваат од Кабинетот на министеот Наумоф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top