Европската унија продолжува да работи на останување на Грција во еврозоната. Тоа ќе се случи ако земјата успее да ги оправда чекувањата за структурните реформи, изјави денеска во Хелсинки германската канцеларка Ангела Меркел.
Таа наведе дека поголемиот број Грци сакаат земјата да остане во еврозоната.
Меркел додаде и дека треба да биде обновена финансиската стабилност на Грција.
Таа посочи и дека Германија се согласила за воведување на санкции кон Русија. Претходно, Меркел изјави дека ЕУ треба да гради политика на безбедност заедно со Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.