-Како се движат настаните и пукањето на „бомбите“ на опозицискиот лидер Зоран Заев, се појасно станува дека не е власта таа која ги прислушкувала граѓаните на Република Македонија и опозицијата, како што беше најпрво најавено, туку обратно – опозицијата ги прислушкувала Владините функционери на државата со единствена цел – еднострано прибирање „материјали“ за рушење на легално избраната власт. Ние сосема ја разбираме желбата за освојување на власта во државата меѓутоа јавно апелираме тоа да биде на достоинствен начин преку владеење на правото и нудење програми за подобар живот на граѓаните и со тоа давајќи му право на народот да одлучи кој ќе ги води во одредениот мандатен период, се вели во Декларацијата.
По тој повод од името на сплотената Македонска заедница во Торонто објавена е следнава Декалрација:
1. Најостро ги осудуваме обидите за разнишување на безбедноста на граѓаните во Република Македонија, а особено жалосно е кога таквата опасност доаѓа од внатрешен фактор. Колку и да е тешко да се помисли состојбата е таква што Македонија наместо заеднички да ја градиме и да ја направиме поле за културен натпревар ние ја претвораме во поле за меѓусебно уништување.
2. Најостро го осудуваме обидот било кои странски служби да го поткопуваат интегритетот и суверенитетот на Македонската држава. Не така далечната историја не научила дека од било каков вид мешање на странските служби и пропаганди во Македонија оставале трагични последици по државата, граѓаните, а особено над нас Македонците. Да не се залажуваме дека некој однадвор е повеќе заинтересиран за доброто на нашата држава, Република Македонија, отколку ние Македонците.
3.Бараме во најскоро време на целиот овој случај да му се даде институционална, правна и политичка завршница. Во иднина државата да си поведе построга контрола заради одбегнување на вакви и слични случаи.
4. Даваме целосна поддршка на Владата на Република Македонија за покажаниот труд и напори околу донесување инвестиции во државата, преку кои се отвораат нови работни места, се вработуваат стечајци, со години невработени лица, инвалиди, високообразовани луѓе и сл. како и поддршка на сите владини проекти за обезбедување посветла иднина на земјоделците, сточарите, пензионерите, немоќните како и на сите граѓани.
5. Бараме интересите за државата да бидат главен приоритет на власта и опозицијата, да не се пречекоруваат линиите околу повредувањето на идентитетот и националните и верските чувства на Македонците и сите граѓани на Република Македонија; да се пази и чува интегритетот на државата оти Македонија е се што имаме (Претседателот Киро Глигоров). Ако ја изгубиме државата тогаш сме изгубиле се. Тогаш не ќе имаме поле каде да се бориме за власт, а идните генерации ќе останат без своја земја, јазик, култура и идентитет. Затоа бараме опозицијата да се врати во Парламентот и таму да бара одговор на сите политички прашања, на сите недоразбирања и на сите пропусти на власта.
6. Македонија е земја со длабока историја. Ние не сме создатели или нејзини творци. Нам ни е дадено правото да се гордееме со тоа име и да ги уживаме сите историски благодети што произлегуваат од името Македонија. Бројни се жртвите низ историјата и непроценлив е трудот на нашите Великани, културни дејци и борци за слободата што ја уживаме ние денес. Затоа било каква промена на името и на било кој начин (референдум, политичка согласност и сл.) не е дозволено и е неприфатливо. Ние остро се спротивставуваме на промената на нашето име. Додека другите народи во соседството се борат да создадат свои држави, ние од тоа мало парче што остана се одрекуваме заради некакви нечии интереси или лична корист.
7 Ние, Македонците, денес имаме јака историска подготовка и знаење, политичка сила, духовна моќ и морално право сами да одлучуваме за својата иднина.
Оваа резолуција ќе биде испратена во Владата на Република Македонија до опозицијата и сите релевантни фактори во Република Македонија.
Состанокот се одржа во просториите на Македонската Православна Црква – Епархиски соборен храм „Св. Климент Охридски“ во Торонто.
По опстојните дискусии истата беше едногласно поддржана, велат „Обединети Македонци“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.