| четврток, 6 декември 2018 |

Авионот на „Ер Канада“ се влечел со трупот пред да запре

канада

Авионот на „Ер Канада“, кој принудно слета на аеродромот „Халифакс“ поради снежната бура, се влечел 330 метри со трупот пред да запре надвор од пистата.

Дваесет и пет патници се хоспитализирани заради набљудување и лекување лесни повреди, соопшти авиокомпанијата.

Мајк Канингам, регионален менаџер на Управата за безбедност на сообраќајот на Канада изјави на прес-конференција дека авионот удрил повеќе антени и се лизгал 330 метри пред да запре.

Од Управата за безбедност на сообраќајот покажаа снинки на авионот, кој претрпел сериозни штети, предниот дел е оштетен, а еден од моторите бил смачкан под повреденото крило.

Според Канингам, при слетувањето, најверојатно, бил погоден и далновод, што доведе до привремен прекин на дотокот на струја за аеродромот.

Авиокомпанината соопшти дека 24 патници биле испишани од болница, а само еден останал на лекување.

– Сите ние во „Ер Канада“ сме мошне благодарни дека нема посериозни повреди во овој инцидент – изјави претставникот на компанијата, Клаус Горш.

Сто триесет и тројца патници и петмина членови на екипажот патувале на летот АЦ62 со „ербас 320“. Авионот полетал од Торонто доцна во саботата и слетал во услови на снежна бура вчера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top