| четврток, 6 декември 2018 |

Познат режисер почина на прес конференција

hitna-pomoc (2)

Телевискиот и филмски режисер Петар Недељковиќ починал денеска за време на прес конференција на Белградскиот фестивал за документарен и краткометражен филм во Домот на синдикатот.Тој ил еден од учесниците на конференцијата каде требало да го претстави својот краткометражен документарен филм. За време на презентацијата му се слошило, по што присутните повикале итна помош, но според информации на Блиц, режисерот починал и покрај укажаната помош.

Недељковиќ во неговиот филм се занимава со жртвите на руските доброволци за одбрана на Вишеград во март 1993 година. Во фокусот е трагичното погибје на 21 годишниот Константин Босоловски и приказната која нему му ја раскажувала мајка му Људмила. Ова руско момче како доброволец го загубил животот на боиштето во Република Српска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top