| четврток, 6 декември 2018 |

Што го претвори перспективниот пилот во камиказа?

lubic

Што го претвори Андреас Лубиц од успешен и перспективен пилот во масовен убиец на само 27 години е предмет на неколку истраги барем во две држави.

Од повеќе извори е познато дека тој пател од депресија и исцрпеност на телото и дека се лекувал од за сега непозната болест поради која кобниот ден не ни смеел да влезе во авион. Судејќи според се, станувало збор за скршен човек. Неговата поранешна девојка тврди дека тој станал прилично превртлив и дека изговорувал грандиозни реченици ветувајќи дека ќе направи нешто што ќе го промени целиот систем и поради што сите ќе дознаат за него.

Почетна точка за истражителите ќе биде неговиот град Монтабаур на половина пат меѓу Келн и Франкфурт. Неговиот татко Гунтер (54) и мајката Урсула требале во саботата попладне да разговараат со истражителите. Двајцата биле во Франција со други роднини но единствено тие на местото нанесреќата дознале дека нивниот син е осомничен за убиец.

Лубиц од најмали години бил опседнат со летање. Беше вистински фанатик, вели негов пријател.

– Неговата соба беше излепена со слики од авиони, логото на Луфтханза беше на секаде. Слики од стари авиони, нови авиони, големи авиони – насекаде можешеда се види нешто од авијација дури и над неговиот кревет, раскажува пријателот.

Лубиц веднаш не добил работа како пилот, туку некое време работел како стјуард додека не се отворила позиција. Поради тоа го викале „Томато Анди“ можеби затоа што една од должностите му биле да служи сок од домати. Од друта страна се  тврди дека тој прекар е всушност погрден израз за некој кој не е на чисто со себе кога станува збор за сексуалната ориентација.

Што и да е вистината, фактот дека младото момче желно за пилотирање се нашол на работно место за разнесување храна и пијалоци за него можело да биде понижувачки.

Во 2013 година се отворило место за пилот, но не во Луфтханза туку во нејзината нискобуџетна подружница Џерманвингс. За Лубиц, кој минувал низ депресивна фаза, работел на непожелна позиција како стјуард, а сега не го добил местото од соништата, тоа можело да биде уште еден удар. Ако тоа го погодило силно, чувствата не ги покажувал на другите. Сите го доживувале како среќно момче. Живеел во Дизејдорф со девојка која најверојатно во последно време се иселила оттаму. Според Билд, пред трагедијата раскинале, поради што минувал низ „лична животна криза“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top