| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно некој ја погоди целта, Ванче Шиков: Луѓето се срамат од нас

Ванче Шиков конечно ја погоди целта, а некој од репрезентативците конечно проговори со критички тон за лошите игри на македонските репрезентативци во овој квалификациски циклус за настап на ЕП во Франција 2016 година. Поразот од Белорусија посебно пече, бидејќи беше забележан во катастрофално лоша игра и што е недозволено кога се носи дресот со национални обележја со крајно индолентен однос на избраниците на Бошко Ѓуровски.

„Треба сите да си ја чукнеме главата, да ставиме прст на чело и добро да се запрашеме дали вака се игра во националниот дрес. Жално што луѓето во Македонија почнаа да се срамат од нас. Не сакам да зборувам сега многу со се уште ’вжештена’ глава, но факт е дека одигравме очајно. Ниту технички, ниту тактички ниту физички не одговоривме соодветно на зададените задачи од стручниот штаб. Конечно, треба сето ова добро да се анализира и секој од нас длабоко да се запраша дали македонскиот фудбал заслужува да му сервираме вакви игри“, изјави за спортскиот портал „Екипа“ Шиков.

Македонија поведе со 1-0 со голот на Трајковски, но потоа потона во комплетно сивило и дозволи целосен пресврт и пораз од 1-2. Дуото К&К, Калачев и Корниленко ги казнија нашите грешки и со по еден гол ја доведоа Белорусија до прв триумф во квалификациите.

sikov

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top