Лидерот за СДСМ Зоран Заев продолжува да тоне секој ден сè повеќе со своите лаги. Тој сè повеќе се заплеткува во јавно искажаните лаги, откако за народот стана јасно дека зад аферата „Грчка хациенда“ стојат сомнителни работи. Јавноста се прашува како е можно Заеви да станале сопственици на луксузна хациенда на самиот брег на Егејското Море по толку ниска цена.
Заев очигледно заборава какви одговори има дадено во интервјуата, па со самото тоа сам се фаќа во лага по кој знае кој пат. Имено, пред извесно време лидерот на СДСМ во интервју за МРТ тврдеше дека ниту тој, ниту некој од семејството негово немаат имоти надвор од Македонија.
-Семејството Заеви се мои први братучеди, мои втори братучеди со презиме Заеви. Моите братучеди заедно со брат ми ги водат овие фирми во последните три, четири пет години, сигурно, може и повеќе. Сè што имаме нѝ е овде во Македонија, истакна Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.