| четврток, 6 декември 2018 |

Трнлив пат до ѕвездите, Тери загревал ве-це шолји за поискусните фудбалери на Челси

Џон Тери е еден од најдобрите стопери во истиоријата на Премиерлигата, а признанието дека им ги загревал даските на ве-це шолјите на поискусните соиграчи во Челси оддекна како бомба во Англија.

Сегашниот капите на сините од „Стемфорд Бриџ“ призна дека како јуниор кога пристигнал во Челси правел буквално се за да се наметне кај тогашните ѕвезди на тимот.

„Растењето покрај Вајс и Дабери ми помогна многу во фудбалската кариера. Се би направил за нив. Им подготвував чаеви, кафе, па дури им ја загревав даската на шолјата во ве-це за да не им студи. Звучи бизарно, но тоа е дел од ритуалот на младите играчи“, изјави Тери.

Тој пристигна во Челси во 1995 година од Вест Хем, а дебитираше дури 3 години подоцна, што значи дека загревањето на даските и останатите интересни ритуали за поискусните играчи на Челси траеле долго време.

Džon-Teri-kapiten

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top