| четврток, 6 декември 2018 |

Менталната стабилност на пилотите се испитува само на хартија

И покрај американските и меѓународните правила кои бараат проверка на менталното здравје на пилотите во пракса се случува многу малку и неефикасно конкретно проверување, сведочат европски и американски пилоти

psiho-test

Паѓањето на германскиот авион и смртта на 150-те патници и членови на екипажот го отвори прашањето за менталното здравје на копилотите. Француските официјални лица веруваат дека 28-годишниот копилот намерно го урнал авионот кој во вторникот леташе од Барселона до Диселдорф.

Американската Федерална воздухопловна администрација (ФВА) бара пилотите да минат низ физички преглед еднаш или двапати годишно, во зависност од староста на пилотот.

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство, организацијата на ООН која ги воведува светските стандарди во авијацијата, исто така, бара пилотите да поминат периодични лекарски прегледи, меѓу кои е и проверката на нивното ментална состојба.

Иако докторите би требало да ги проверат евентуалните можности за ментални проблеми, пилотите велат дека тоа, всушност, не се случува.

Капетан во една голема американска авиокомпанија и поранешен пилот на морнарицата, Џон Гаџински, посочува дека за 29 години лекарски прегледи никогаш не бил прашан за менталното здравје. Пилотите се обврзани да ги откријат постојните физички состојби и лековите што ги земаат на медицински формулари кои ги пополнуваат за ФВА, а казните доколку не го сторат тоа се околу 250 илјади долари.

На формуларите има и прашања за тоа дали пилотот е депресивен или имал обид за самоубисто, открива пилотот Гаџински.

– Дали тоа е најдобриот начин да се праша ментално болен човек, дали е ментално оболен и ако напише „не“, тогаш може да лета? – прашува пилотот.

Поранешниот пилот на „Американ ерлајнс“, Бен Кудва, вели дека се прегледуваат вашите очи, уши, срце – органите кои почнуваат да откажуваат со староста – но не прават ништо со вашата глава.

– Ако имате 12 или 15 илјади пилоти, колку што има „Американ ерлајнс“, некогаш ќе добиете и некој нестабилен без оглед колку и да се трудите – оценува Кудва.

Кога се случува тоа, пилотите кога летаат со некој кој е нестабилен „кога-тогаш ќе го известат шефот и тогаш пилот кој е контролор лета со него за да го испита проблемот“ додава Кудва.

Во Европа постои единствен стандард за медицинските прегледи на пилотите.

– Тие медицински процени ги прават доктори специјалисти за здравјето на авијатичарите. Тие знаат што треба да бараат, физички или ментално – посочува портпарол на цивилната авијација на Велика Британија, Ричард Тејлор.

Експертите од американската агенција, сепак, велат дека авиокомпаниите обично бараат од пилотите да минат низ тестовите за проверка на менталното здравје кога се вработуваат, додека следните следења на здравјето потоа се површни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top