Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри има на планинските премини Стража, Буково и Плетвар, а на планинскиот премин Ѓавато видливоста е до 50 метри, информираат од АМСМ.
На патниот правец Р2232 Кочани – Злетово, кај с. Киселица сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 30 км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. Поставена е соодветна сигнализација.
Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец с. Дурачка река – с. Дренак во должина од 7 км.
На регионалниот пат Куманово – Кратово кај излезот на с. Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 м и поставени се знаци за предупредување.
На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 20 км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 20 м. На самото место е поставена соодветна патна сигнализација.
На патниот правец Лакавица – Неготино на 7 км над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200 м на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На овој дел сообраќајот се одвива забавено.
Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.
Забранет е сообраќај за тешки товарни возила над 7,5 т и автобуси на патен правец Р2136 Ржаничино – Долно Коњаре поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.