| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Наодите од истрагата за авионската несреќа се незамисливи

меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека најновите наоди во истрагата за несреќата на авионот на „Герман Вингс“ добиле апосолутно незамислива димензија.

Меркел тоа го изјави коментирајќи го заклучокот од истрагата дека копилотот на авионот на компанијата „Герман Вингс“ најверојатно намерно го урнал авионот во француските Алпи.

Според Меркел тоа на трагедијата и дава нова, апсолутно незамислива димензија и  ја надминува секоја фантазија.

Копилотот на авионот на „Герман Вингс“, што пред два дена се урна во француските Алпи, намерно го урнал авионот, изјави претходно денеска државниот обвинител на Марсеј Брис Робен, додавајќи дека не станува збор за терористички или самоубиствен акт.

Станува збор за дваесет и осумгодишниот германски пилот Андреас Лубиц, кој копилотирал со авионот на компанијата „Герман Вингс“, на летот 4У 9525, од Барселона за Дизелдорф.

– Копилотот сам управувал со авионот. Тој не сакал да ја отвори вратата од пилотската кабина и намерно почнал да го спушта авионот- изјави Робен, изнесувајќи ги информациите добиени од црната кутија, на која се наоѓа снимка од разговорот во пилотската кабина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top