На состанокот одржан во Барселона по натпреварот меѓу Барса и Сити во рамките од лигата на шампионите, директорот на Интер Аусилио и споственикот на Уденезе Поцо е договорено да двоецот од Удине интернационалците од Бразил и Франција, Алан и Ерто се преселат на Џузепе Меаца во летниот преоден рок.
Преговорите не траеле долго и е договорено Алан прејде во Интер најпрвин како позајмен играч со обавезен откуп на договорот за кој Интер ќе треба да плати помеѓу 15 и 18 милиони евра во следните три години. Вториот пик на Манчини Французинот Ерто кој има одлична сезона и игра на позицијата последен играч во одбраната со што Интер значајно ќе ја зголеми конкуренцијата.
Тренерот е во потрага и по напаѓач бидејќи повеќе од сигурно е дека Подолски нема да биде откупен од Арсенал, а можно е да биде продаден и Икарди ако пристигне богата понуда за него.
Во италијанските кругови се спомнуваат имињата на Лаказет од Лион и Жињак кој на лето ќе биде слободен играч и најверојатно ќе го напушти Олимпик Марсеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


