| четврток, 6 декември 2018 |

Европскиот центар на Ромите го осуди инцидентот во „Скопје сити мол“

ERRC_Logo_4C

Европскиот центар за ромски права (ЕРРЦ) го осуди расизмот во „Скопје сити мол“, кога од фирмата која се грижи за хигиената, управата на трговскиот центар побарала да ги отпушти Ромите што работат во одделот за храна.
„ЕРРЦ  во целост ги осудува постапувањата на раководството на „Скопје сити мол“ со кои се прекршиле одредбите на Уставот, на Законот за заштита и превенција од дискриминација и на Законот за работни односи, како и меѓународните стандарди за човекови права“, се вели во соопштението.
Посебна реакција има и Дезидериу Гергели, извршен директор на ЕРРЦ.
„Колективно таргетирање вработени врз основа на нивното етничко потекло не е прифатливо. Овој вид дискриминација кон Ромите на работното место, веројатно врз основа на стереотипи на „циганскиот криминал“, не треба  да бидат толерирани“, вели Гергели.
ЕРРЦ ја повикува Комисијата за заштита од дискриминација да преземе мерки во согласност со нејзините надлежности и обврски пропишани во Законот за заштита и превенција од дискриминација. Исто така, ЕРРЦ за случајот ќе ги информира сите релевантни европски институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top