Европскиот центар за ромски права (ЕРРЦ) го осуди расизмот во „Скопје сити мол“, кога од фирмата која се грижи за хигиената, управата на трговскиот центар побарала да ги отпушти Ромите што работат во одделот за храна.
„ЕРРЦ во целост ги осудува постапувањата на раководството на „Скопје сити мол“ со кои се прекршиле одредбите на Уставот, на Законот за заштита и превенција од дискриминација и на Законот за работни односи, како и меѓународните стандарди за човекови права“, се вели во соопштението.
Посебна реакција има и Дезидериу Гергели, извршен директор на ЕРРЦ.
„Колективно таргетирање вработени врз основа на нивното етничко потекло не е прифатливо. Овој вид дискриминација кон Ромите на работното место, веројатно врз основа на стереотипи на „циганскиот криминал“, не треба да бидат толерирани“, вели Гергели.
ЕРРЦ ја повикува Комисијата за заштита од дискриминација да преземе мерки во согласност со нејзините надлежности и обврски пропишани во Законот за заштита и превенција од дискриминација. Исто така, ЕРРЦ за случајот ќе ги информира сите релевантни европски институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, МАНУ, личните карти, пасошите
-
МИОА: Работевме во екстремно кратки рокови и ова беше единствен начин Македонија да биде домаќин на Дигиталниот самит
-
По поништување на конкурсот за класични композиции реакции: Алаѓозовски не смее да биде министер повеќе ниту еден ден!