Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски освен што креира скандали, ништо не прави за културата. Сега министерството поништува конкурс за откуп на класични композиции за 2017 година, зошто Алаѓозовски на предлогот на надлежната комисија не ставил потпис?! Од министерството за култура велат административен пропуст, но како може да се направи пропуст во процедура. Министерот или воопшто не е заинтересиран за културата, односно за ресорот кој го води, или не му се допаѓа одлуката на надлежната комисија.
Имено, како што соопштува министерството, согласно Законот за култура, Комисијата за разгледување на пријавите од Конкурсот, ги разгледала пријавите и изработила Записник на 29 декември 2017 година во кој ги сумирала резултатите од претходно направената оценка на доставените пријави. На 18 јануари 2018 година истите се објавени на веб – страницата на министерството. Во овој случај, објавените резултати на веб – страницата се всушност предлози на комисијата, а не финални резултати, бидејќи за истите министерот за култура не донел решенија.
На ова реагираат личности од фелата. Сони Петровски композитор, диригент и универзитетски професор се огласи во јавноста. Петровски смета по вакво нешто Алаѓозовски треба веднаш да поднесе оставка, ако ова не е виц. А не е, официјално е соопштено на интернет страната на министерството.
Реагира и пејачката, Нина Јанева. На својот Фејсбук статус коментира дека со ова само се демотивираат сите во фелата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, МАНУ, личните карти, пасошите
-
Наградените композитори ќе го тужат Министерство за култура
-
МИОА: Работевме во екстремно кратки рокови и ова беше единствен начин Македонија да биде домаќин на Дигиталниот самит