МИОА реагира на обвинувањата за јавната набавка за Дигиталниот Самит . Од Министерството испратија писмена реакција во која се истакнува дека „во однос на обвинувањата за постапката за јавна набавка за техничка реализација на Дигиталниот Самит, Министерството за информатичко општество и администрација ја информира јавноста дека во спроведената постапка нема ништо спротивно на Законот за јавни набавки.
Конечната одлука за форматот на Дигиталниот Самитот кој претставува обврска од Повеќегодишниот акциски план за регионална економска соработка на земјите од Западен Балкан, се донесе на 2-ри март на состанок на Управниот одбор за организација на Самитот, кој се одржа во Берлин, Германија.
Одлуките поврзани со форматот на самитот и потребниот буџет произлегоа од заклучоците на овој состанок. За ова МИОА ја информираше и Владата на Република Македонија, за што достави информација којашто беше усвоена на Педесет и осмата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 13.3.2018 година.
Во вкупната сума предвидена за техничката реализација на самитот, вклучени се 50.000 евра од Советот за регионална соработка со седиште во Сараево (РЦЦ), 5.000 евра од Друштвото за меѓународна соработка (ГИЗ), а остатокот од 190.000 евра се дел од Буџетот на МИОА за 2018та година.
Согласно ова, за спроведување на јавната набавка, потребно беше претходно да се потпише договор со РЦЦ (14.03.2018 ) и ГИЗ (30.03.2018). Дополнително, беше потребно да се склучи меморандум за соработка и договор со Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, каде се организираат дел од настаните.
Согласно законот за јавните набавки овие постапки во најкратки рокови траат 34 дена. Поради тоа не може да се примени рокот за спроведување на отворена постапка за јавна набавка, ниту пак за ограничена постапка.
За жал работевме во екстремно кратки рокови кои не зависеа од нас. Ова беше единствен начин, Македонија да биде домаќин на еден од најголемите регионалните настани за оваа година.
Македонија повеќе не е изолирана земја, туку се стреми кон што е можно поголема поврзаност со своите соседи и градење на добрососедски односи Дигиталниот Самиот претставува единствена можност за да се зголеми дигиталното поврзување и соработка во ИТ сферата помеѓу земјите од регионот и ЕУ.
Заклучоците и дефинираните активности кои ќе произлезат од Дигиталниот Самит, се од особено значење за економскиот развој на Македонија и остварување на заедничката цел, а тоа е влез во ЕУ“, се вели во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, МАНУ, личните карти, пасошите
-
По поништување на конкурсот за класични композиции реакции: Алаѓозовски не смее да биде министер повеќе ниту еден ден!
-
Локацијата на новиот Клинички центар не е во строго заштитената зона