Интересен твит што предизвика големо внимание во Шпанија, објави полицијата во Валенсија. Се работи за шега, а се однесува на селекторот на Шпанија Висенте Дел Боске и неговото игнорирање на фудбалерите на Валенсија.
„Се бара Висенте Дел Боске заради измама и неповикување во репрезентацијата на играчите на Валенсија, Пако, Гај и Парехо“, пишува на твитер страницата на полицијата во Валенсија.
Шпанија ќе игра квалификациски меч со Украина задутре и пријателски дуел со Холандија во вторник на 31. март. Дел Боске не повика ниту еден играч на популарните „лилјаци“ од Валенсија, иако тимот игра одлично сезонава и е третопласирана во Примера Дивизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.