Драмски театар Скопје Светскиот ден на театарот, 27 март ќе го прослави со повеќе активности – со претстави, изложби, присуство на читачки проби, забава и добра музика.
Програмата започнува во 11:30 часот со промоција на книги за деца на „Матица Македонска“ – Матица за мали. Во 12 часот ќе се изведе претставата „Капетанот Џон Пиплфокс“ (претстава за деца); во 14:30 часот ќе може да се присуствува на отворена читачка проба на претставата „Човекот без рака“ од Мартин Мекдонах во режија на Синиша Евтимов.
Во 16:00 часот ќе има читање (оживување) на познатиот македонски стрип „Ајвармен“; во 17:00 часот ќе има изложба на грамофонски плочи „Ретки, уникатни и вредни винили“; во 17:30 часот ќе го слушаме Гершвин на бакелитни плочи; во 19:00 часот ќе се изведе претставата „Човекот кој го изеде светот“ во режија на Билјана Радиноска; во 21:00 часот ќе има промоција на книги за возрасни од Матица Македонска – Матица за големи; во 21:15 ќе слушаме Стари рокери на стари носачи на звук; во 22:00часот ќе се изведе претставата „Секс, дрога и рокенрол“ во режија на Ристо Алексовски и во 23:30 часот ќе има забав за сите.
Преку целиот ден ќе бидат поставени две изложби на Благојче Наумоски Бане и Филип Кондовски Магу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.