| четврток, 6 декември 2018 |

Со нож им се заканувал на мајка си и на сестра си

tepana zena

Тетовец е кривично пријавен затоа што во јануари годинава ги малтретирал мајка си и сестра си поради пари и им се заканувал со нож.

СВР Тетово поднесе кривична пријава за К.Б.(23) од Тетово за кривично дело присилба при семејно насилство.

На 15 јануари оваа година, во Тетово, на улица Маршал Тито, во семејната куќа, по претходна вербална расправија меѓу пријавениот и неговата мајка М.Б. која била за парични средства, М.Б. почнал да ја навредува и малтретира, а потоа физички ја нападнал сестрата А.Б.(20) и со нож почнал да им се заканува дека ќе посегне по нивните животи и дека ќе ги избрка од дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top