| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан кршел и мавтал со нож низ дома

noz

Млад штипјанец се довел во алкохолизирана состојба и го нападнал неговиот чичко дома. Потоа се обидел да го расече со нож, но чичкото избегал, по што ја испокршил покуќнината.

Утрово околу 00.30 часот, во Штип, во куќата сопственост на П.Ј. (48), дошол неговиот внук од брат Т.Ј. (22) – со кого претходно се довеле во алкохолизирана состојба – при што откако физички го нападнал со удари со тупаници по  телото,  извадил нож на расклопување со кој замавнал кон П.J., но истиот успеал да се оттргне, по што си отишол, јави МВР.

По извесно време Т.Ј. се вратил во куќата на П.Ј., каде што искршил дел од покуќнината. Кај П.Ј. од страна на лекар од Медицинскиот центар во Штип се констатирани телесни повреди.  По целосно расчистување и документирање на случајот, за Т.Ј.  ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top