| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ како Роки Балбоа (фото)

Новак Ѓоковиќ ја прослави јубилејната 50. титула на тениските турнири со триумф на престижниот Индијан Велс, а потоа замина за Филаделфија на кус одмор пред стартот на натпреварите во Мајами. Во Фили, најдобриот светски тенисер не пропушти да направи фотографија крај статуата на Роки Балбоа, легендарниот лик од филмскиот боксерски блокбастер „Роки“ на Силвестер Сталоне.

„Не е важно колку силно можеш да удриш, туку колку удари можеш да издржиш и да продолжиш понатаму“, напиша Ѓоковиќ на својот фејсбук профил, пренесувајќи ја познатата порака на Роки.

Српскиот тенисер од понеделник ќе игра на турнирот од Мастерс серијата 1000 со награден фонд од 5,4 милиони долари.Новак ја брани титулата од лани, а ќе атакува на вкупно петтиот трофеј на турнрито во Мајами, каде е прв носител.

nole

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top